Во Сингапур излечените уживатели на наркотици ја симнуваат и тетоважата

Од:

Националниот институт за кожни болести и Агенцијата за борба против наркитици во Сингапур соопштија дека од август минатата година до сега 80 поранешни зависници од дрога целосно ја симнале тетоважата. За симнувањето, кое има од 4 до 10 третмани се плаќа 1.300 долари, од кои 90 посто ги плаќа институтот за кожни болести, кој парите ги собира преку дарителски акции и донации.

Здравствените работници препорачуваат симнување на тетоважите од две причини. Едната од нив е заштита на кожата, која според лекарите ако е тетовирана е повеќе изложена од се почестата појава на рак на кожата.

Втората причина е мошне прозаична, бидејки, во принцип, работодавачите тешко се одлучуваат да вработат млади луѓе со тетоважа, бидејки, како што велата испитувањата, сликањето по телото веднаш ги наведува на помислата дека се работи за личност што е зависна од дрога.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога