Јапонија планира за една година да купи шест американски воени авиони Ф-35 со стелт-технологија.
За таа цел, Министерството за одбрана ќе побара во буџетот на државата за фискалната 2015 година да бидат предвидени 124,9 милијарди јени (1,21 милијарда долари).
Армијата на Јапонија се надева на вкупно 42 авиона за да ги заменат старите авиони Ф-4. Токио купи 10 авиони со стелт-технологија Ф-35 од 2012 година, но сега за првпат има намера да купи шест од нив во рамки на една година. МО ќе побара и 54 милијарди јени за купување три разузнавачки авиони.