Градоначалникот на швајцарскиот град Баден, кој што е и член на парламентот е суспендиран по обвинение дека на една пријателка и испратил „селфи“ фотографии, на кои тој е гол.
Гери Мулер (53) пратеник од Зелените во долниот дом на парламентот, привремено е суспендиран, бидејќи локалните медиуми пренесуваат дека фотографиите на кои тој е без облека, ги направил со мобилен телефон во неговата канцеларија и ги испратил на една пријателка.
Мулер веднаш реагирал со соопштение во кое наведува дека жената, чие што име не го наведува, му се заканила дека ќе ги објави фотографиите во јавност и дека ќе се самоубие.
Неговиот адвокат изјавил дека градоначалникот сам побарал од полицијата да реагира и дека веќе е приведена една жена.
Во соопштението од градското собрание се наведува дека Мулер ќе биде суспендиран се додека случајот не се разјасни.
Е. Г.