Папа Франсис: Сакам дијалог со Кина

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис изјави дека сака дијалог со Кина и дека единствено што бара за возврат е цркавата слободно да функционира во државата, која во 1951 година ги прекина односите со Светата столица.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“ тој рекол дека црквата само бара слобода, за да ја извршува својата работа.

-Немаме никакви други барања. Светата столица е отворена за сите контакти. Тоа е затоа што ги почитуваме граѓаните на Кина- истакнал тој во Рим по посетата на Јужна Кореја.

Со оглед на тоа што папа Франсис има обичај да им испраќа телеграми на претседателите на државите низ чиј воздушен простор поминува неговиот авион, му испратил телеграма со поздрави и на кинескиот претседател, а потоа упатил молитва за граѓаните на Кина. Инаку ова е за прв пат еден папа да прелета над кинеска територија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања