Прекинот на огнот во Газа е продолжен за уште 24 часа

Од:

Прекинот на огнот во Газа е продолжен за уште 24 часови и ќе треа до денеска,до полноќ,за да им се остави време на преговарачките тимови во Каиро,да обезбедат согласност за потраен прекин на непријателства.

Продолжувањето на прекинот на огнот е обезбедено само неколку минути,пред да истекне претходниот прекин што започна во минатата среда.

Според извори во израелската и во палестинската делегација,засега нема напредок во преговорите, што се водат изминатите денови, со посредништво на египетската влада. Израел бара гаранции за разоружувањето на силите на Хамас,како и на сите оружени фракции на оваа исламистичка палестинска организација.

Хамас,пак,инсистира на укинувањето на блокадата на Газа што неколку години ја одржува Израел од копно,море и воздух,како и Египет од источната страна на појасот и тоа „без никакви условувања“.

Хамас и понатаму тврди дека нема да го предаде оружјето,додека палестинската делагација во Каиро бара од Израел да се согласи и со проширувањето на зоната за рибарење во Медитеранот, за луѓето од Газа.

Претставник на Хамас изјави синоќа дека доколку не се постигне договор,за потраен прекин на огнот,борбите ќе продолжат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху,претходно,изјави дека ќе уследи одговор со сета сила,ако Хамас ги обнови ракетните напади кон израелската територија.

– Војската е подготвна за сите сценарија, рече израелскиот премиер.

Тој изрази стравување дека градежниот материјал што почна да се дистрибуира во Газа,за обнова на оштетениет згради,би можел да се користи за обнова и за изградба на нови тунели,преку кои исламистите и терористите,од Газа,навлегуваат на територијата на Израел.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ