За седум дена во Скопје казнети 861 учесници во сообраќајот

Од:

Од осми до 14 август сообраќајната полиција во Скопје казнила вкупно 861 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопштија од МВР.

– Кај 37 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 58 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 35 возачи, кај 34 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Со над дозволената брзина управувале 92 возачи, и 82 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место. Изречени се 12 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 37 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 20 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин. Изречени се 264 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци, за непрописно престројување изречени се два прекршока, осум прекршоци што ги чинат пешаците, за непрописно престигнување изречени се шест прекршоци, кај едно возило е утврдена техничка неисправност и со пајак службата подигнати се вкупно 280 возила, се наведува во соопштението.

Од СВР Скопје информираат дека и понатаму ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он