Нешта кои не сте ги знаеле за карминот за усни

Од:

Дали знаете дека за време на Втората светска војна Винстон Черчил го забранил производството на цела козметика освен на карминот? Кои познати политичари се шминкале, како и зошто некои жени постари од 44 години не смеат да ставаат кармин?

Во времето на Римското царство, карминот е користен како маркер за социјален статус. Дури и мажите ставале кармин и со тоа искажувале каде се на општествената скала. И Џорџ Вашингтон повремено ги шминкал усните.

Ако сакате црвен кармин, знајте дека во Стара Грција со него се мачкале само проститутките. Исто така голем број жени тогаш воопшто не се ни шминкале.

Не знаеме дали поради тоа или некоја друга причина, во Британија во 1650 година било предложено на жените да им се забрани нанесување кармин. Предлогот не добил мнозинство гласови.

Меѓутоа во Канзас во 1915 година е изгласано жените постари од 44 години да не смеат да ставаат кармин, бидејќи така создавале лажен впечаток дека се помлади.

„The Balmoral Lipstick“ е направен специјално за кралицата Елизабета Втора, за да нијансата на усните биде во склад со бојата на фустанот кој го носела на церемонија на крунисување во 1952 година.

Станува збор за кармин со топло црвена боја, кој името го добил по шкотската куќа на село на кралицата. Актерките кои снимале заедно со Елизабет Тејлор, не смееле да имаат црвени усни, туку карминот смеела да го носи само таа.

Истражувањето спроведено во 2000 година покажало дека кармин за усни најмногу користат Американките. Дури 80 отсто од нив, што е за десет проценти повеќе отколку Французинките на пример.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ