Синот на основачот на Хамас бил шпион на Израел

Од:

Исламистичкото милитантно движење Хамас цела деценија имало шпион во своите највисоки редови, момче чии семејни врски во организацијата биле толку длабоки што е речиси незамисливо дека тој би можел изврши направи предавство, пишуваат американски медиуми.

Неговото тајно име било „Зелен принц“ и по него е снимен истоимен документарец во САД, кој е прикажан на филмскиот фестивал Санденс, а наскоро ќе биде прикажан и во американските кина.

Неговото вистинско име било Моаб Хасан Јусеф. Тој го предал својот татко, основачот на Хамас, шеикот Хасан Јусеф, шпионирајки за Израел.

Една деценија во највисоко раководство на Хамас бил шпион, човек за кој не би можело да се замисли во таа работа. Тајното име го добил по зеленото знаме на Хамас, а информациите ги пренесувал на израелската безбедносна служба Шин бет од 1997 до 2007 година.

Предавал пораки кои ги разменувале палестинските лидери, предупредувал за нападите и помагал да се фатат осомничените терористи.

Во исто време се воздигнал и во исламистичката организација и во израелската разузнавачка заедница. Покасно тој се пофалил дека го спречил заговорот за убиството на поранешниот претседател на Израел, Шимон Перес и дека благодарение на него се уапсени многу командири на Хамас и конструктори на бомби.

Го шпиунирал сопственото семејство за владата која тие ја сметале за окупаторска. За Израел тој бил многу важен. Сега има 36 години, живее во Лос Анџелес, примил христијанство и работи како јога инструктор, пишува американскиот магазин Дејли бист. На своето семејство на Западниот Брег не може никогаш да му се врати.

Во неодамнешните емисии на американските ТВ мрежи Си-Ен-Ен и Фокс апелирал до претседателот на САД, Барак Обама да го поддржи Израел, прашувајќи – Уште колку војни ќе му биде дозволено на Хамас да води?

Пред само две децении се сметаше дека ќе оди по чекорите на својот татко, бидејќи Хамас, како што самиот истакнал во документарецот – Не беше само движење за нас, туку семеен бизнис.

Пред Јусуф само еден шпиун ги предавал Арапите за Израел на толку високо ниво. Тоа бил Ашраф Марван, зет на египетскиот претседател Гамал Абдел Насер, кого го ангажирал Мосад и кој го известил Израел пред јунската војна во 1973 година дека ќе биде нападнат.

– Раководството на Хамас е виновно за убиството на Палестинците, не Израел – изјавил Јусуф за израелскиот весник Хаарец во 2010 година.

– Ви кажувам во тајност дека Израелците многу повеќе се грижат за Палестинците отколку раководството на Хамас и Фатах – потенцирал тој.

Осврнувајки се во веќе наведените емисии на мрежата на тунели кои на свое изненадување ги пронашол Израел во текот на најновите офанзиви, Јусеф предвидел дека кога ќе заврши војната ќе има многу комисии за истрага во Израел. Односите меѓу шпиунот и израелските агенции се влошиле кога Јусеф се заинтересирал за наклоноста на својот татко за помирување со еврејската држава.

Танјуг – Белград

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ