Институтот за економија и мир рангираше 162 земји во светот на скала од најмирни до најконфликтни според 22 параметри, при што Македонија е последна во регионот на 87 место.
Од 162 земји, само 20 држави во светот немаат конфликт од никаков вид.
Индексот на мирот во светот се мери според 22 параметри од кои најбитни се внатрешните немири и надворешните конфликти, како и општествената сигурност и милитаризацијата.
Во крајниот резултат се калкулира и економската состојба, распределбата на ресурси, политичката стабилност, слободата на медиумите, нивото на дискриминација, односите со соседите.
Во регионот најдобро стои Словенија на 14 позиција, потоа следува Хрватска (26), Бугарија (32), Србија (52), Црна Гора (55) Босна и Херцеговина (61) Косово (64), Албанија (65) и Македонија на 87 место.