Филмскиот спектакл во кој е прикажана големата корејска победа над јапонската воена флота, со која во шеснаесетиот век била оневозможена јапонска окупација на Корејскиот Полуосторв, ги урна сите рекорди по бројот на гледачи во Јужна Кореја.
Во 18-дневно прикажување, филмот „Бурни движења“ го гледале 13,62 милиони Јужнокорејци.
До петокот, од продажба на влезници, филмот остварил заработка од 125 милиони долари, со што стана прв јужнокорејски филм кој заработи повеќе од 100 милиони долари.
Јужнокорејските медиуми со задоволство известуваат дека овој филм по гледаност и по приходи го надминал блокбастерот „Аватар“, кој во Јужна Кореја се прикажувал четири месеци и имал 13,1 милиони гледачи и заработка помала од 100 милиони долари.