Валандовка и го одзела детето на пријателката поради невратен долг

Од:

Поради паричен долг валандовка ѝ го одзела детето на нејзина сограѓанка, информираат од МВР. Според полицијата, на 14 август во 6:20 часот во Валандово на автобуската станица, Ж.К. од Валандово, со уште едно непознато лице, го земала детето на 31 годишната Д.К. од Валандово за да го превезе до Битола, бидејќи патувала до Охрид.

Откако тргнала кон Битола, пријавената застанала и побарала од Д.К. да ѝ врати некој заостанат долг, велејќи ѝ дека додека не го стори тоа, нема да го види детето.

Откако се договориле, Ж.К. го вратила детето на автобуската станица во Валандово и заминала да се договори со нејзините родители за парите, по што го земале детето, а кај Ж.К. останале патните торби на детето.

Валандовската полиција го расчистува случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи