Лидерот на албанските џихадисти во Сирија го бара Интерпол

Од:

Основниот суд во Урошевац потврди дека Меѓународната криминалистичка полициска организација Интерпол го прифатила барањето на косовските власти, Лавдрим Мухаџери, лидер на албанските џихадисти во Сирија, да влезе во системот на лица барани од меѓународната полиција, јавуваат косовските медиуми.

Лавдрим Мухаџери (25) од косовскиот град Качаник, кој подолг период се бори во редовите на Исламска држава и кој стана познат по тоа што на својот Фејсбук профил јавно објави слики каде што сече глави, недомна се закани дека ќе дојде и во Косово.

– Ќе дојдам и во Митровица, запомнете и за таа земја ќе се пролее многу крв. Иако народот не ме сака го имам Господ, а срцето ми вели дека ќе дојде денот кога ќе дојдам во Митровица, напиша на неговитот Фејсбук профил по лавината осуди кои беа искажани по постираната слика на Фјесбук каде што му ја сече главата на момче во Сирија.

Тој претходно работел за КФОР во кампот „Бондстил“ и за НАТО во Авганистан. Како работник во „Бондстил“ работел до 2010 година, по што заминал да работи во Авганистан во кампот на НАТО и таму останал околу две години.

Во војната во Сирија се приклучил како муџахедин во 2012 по што се вратил во Косово каде останал до средината на јули 2013, па повторно заминал во Сирија.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ