Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро објави дека нема да учествува на годинашниот Грен слем УС Опен што треба да се игра од 25 до 8 септември.
Аргентинецот подолго време влече повреда на зглобот на раката па не сака да ризикува и одлучи до целосното закрепнување да биде надвор од тениските терени.
Постои голема веројатност на терените во Њујорк да не се појави ниту шпанскиот тенисер Рафаел Надал. Тој својата конечна одлука околу учеството на Отвореното првенство на САД ќе ја донесе следната недела кога ќе знае дали целосно му е санирана повредата.