Премиерот на Индија Наренда Моди денеска најави план за обезбедување банкарска сметка за сите Индијци, оценувајќи дека неможноста да ги отплатат долгови на кредитори, е виновникот за високото ниво на самоубиства меѓу фармерите.
– Зошто нашите фармери се одлучуваат на самоубиство? Поради тоа што мора да се задолжат по високи каматни стапки од заемодавци. Владата ќе креира шема што ќе обезбеди дури и најсиромашните граѓани да може да имаат сопствен банкарска сметка, нагласи Моди во говор по повод Денот на незавинсота на Индија.
Премиерот додаде дека шемата ќе обезбеди за фармерите посебни гаранции во вонредни околности во вредност до 100.000 рупии (1.650 долари).