Најпознатото маче во светот го слави роденденот во вселената

Од:

Светски познатата јапонска бела мачка со панделка на главата Хелоу Кити го слави 40. роденден и тоа во вселената, кружејќи во орбитата околу Земјата во јапонскиот сателит Ходојоши 3.

Од лансирањето на сателитот во јуни во Русија, Хелоу Кити пристојно седи покрај прозорецот од каде се гледа сината планета, додека на екранот над прозорецот се појавуваат пораките од обожавателите на јапонски или англиски јазик.

– Тоа е порака која некој сака да ја испрати од вселената за некоја посебна личност на Земјата или некоја поопшта порака, објасни Казуо Тамотсу, портпарол на Санриа, компанијата која ја произведува Хелоу Кити.

Ова маче, кое го дизајнираше јапонската дизајнерка Јуко Шимицу како бела мачка со црвена панделка, осмислено е според јапонската бобтеил мачка. Како лик првпат се појави на паричник во Јапонија во 1974 година и во САД во 1976 година. Стана планетарен комерцијален успех со низа различни производи. Позната е во целиот свет, а носителот на заштитниот знак Санрио на интернет страниците објави дека од продажбата на тој свој производ годишно остварува околу пет милијарди долари. Ликот на Хелоу Кити краси различни предмети, а во моментов и се посветени два забавни парка во Јапонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ