(ВИДЕО) Во акција на МВР падна познатиот криминалец Нуиши

Од:

Арслан Нуиши (50) или Арслан Пода е криминалниот бос кој утрово беше уапсен во полициската акција во селото Грчец.

Нуиши алијас Пода повеќе од дваесетина години фигурира како еден од главните ликови со скопското подземје, водач на криминалната група од селото Грчец позната по трговија со дрога, кражби на лусксузни возила, лихварство и киднапирање.

Нуиши беше еден од осомничените за атентатот на претседателот Киро Глигоров во истрагата насочена против т.н. “братиславска врска” но подоцна беше ослободен од сите обвинувања.

Тој беше осомничен и за учество во грабежот на “Прокредит Банка”, во 2009 година, во центарот на Скопје, но полицијата никогаш не собра докази.

Неколку дена по грабежот полициските “алфи” упаднаа во селото го лоцираа Нуиши во чајџилница и го уапсија. Во неговото возило беше најдено големо количество на оружје и муниција.

Тој беше осуден на десетгодишна затворска казна заради грабнувањето на косовскиот бизнисмен Љуљзим Бегај па затоа е нејасно како и зошто тој се наоѓал на слобода до утрово.

Нуиши има и меѓународна “кариера” и затоа е баран од Чешка и Словачка каде се сомничи за трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје