Сто деца од дијаспората на Летниот камп 2014 „Ја сакам Македонија”

Од:

Вкупно 100 деца од заедниците на Македонците од соседните држави на Република Македонија, од балканските земји и дијаспората, веќе петти ден во Охрид, учествуваат на предавања во рамки на Летниот камп – 2014 „Ја сакам Македонија”, организиран од Министерството за надворешни работи.

Во склоп на кампот, професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип работат со децата на унапредувањето на нивните познавања за литературниот македонски јазик и култура.

Дополнително, во предавањата за македонската историја се вклучија и научни соработници од Институтот за национална историја во Скопје.

За состојбата околу изучувањето на македонскиот јазик и, воопшто, почитувањето на човековите права на Македонците во соседните држави, зборуваа воспитувачите на децата – учесници од соодветние земји.

Активностите на летниот камп ќе финализираат со квиз натпревар, турнир во мал фудбал и завршна приредба на која учесниците – ученици ќе се претстават со свои точки од областа на културата.

Децата во рамки на програмата на Летниот камп имаа можност да присуствуваат на натпреварите од ракометниот турнир „Струга 2014“, каде ги запознаа македонските ракометни репрезентативци, а во културниот и забавниот дел се дружеа и со македонската музичка ѕвезда Даниел Кајмакоски.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад