Најмалку пет лица загинаа синоќа при обид на египетската полиција да растера група демонстранти во Каиро, кои излегоа на протест по повод годишнината од убиството на стотина приврзаници на сменетиот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси.
Приврзаниците на Морси од „Алијанса против пучот“ повикаа на протести низ целата земја под слоганот „Бараме одмазда“.
Четири лица се убиени од огнено оружје во Каиро, во судир на приврзаниците на Морси со полицијата и граѓани кои се против исламистичкото движење, соопшти претставник на безбедносните сили.
Претходно во јужниот дел на Каиро, непознати лица убија полицаец. Министерството за внатрешнои работи смета дека за убиството се одговорни приврзаници на Морси.
Полицијата со солзавец растера демонстранти и во Александрија и Кердаси, како и во покраината Шарки.
Според локалните медиуми, во судри и инциденти ширум Египет се убиени најмалку 70 лица.