Реакција на град Скопје: Граѓаните се рекреираат на градските плажи наутро и навечер

Од:

Градот Скопје во 2010 и во 2011 година ги изгради двете градски плажи на кејот на реката Вардар со што придонесе овој дел од градот да заживее, зашто претходно никој не го користеше. Изградбата на градските плажи и оформувањето на ролерско – велосипедската патека од двете страни на Вардар овозможија во Скопје да се создаде зона за рекреација, која е многу посетена од граѓаните, особено во пролет и во лето, пишува во реакцијата на град Скопје на статијата на А1он „Коцекабана – промашена инвестиција, нуди туширање со црева“.

На градските плажи се поставени стреи, дрвени платформи, маси, столови и лежалки. Има и шанкови, детски катчиња, бини за одржување манифестации,

тушеви, соблекувални, чешми за вода, паркинг-места за велосипеди и корпи за отпадоци.

На двете градски плажи се изградени и спортски повеќенаменски игралишта на песок, со што на граѓаните им се нудат сите услови потребни за одмор и рекреација на една градска плажа. Градот Скопје е задоволен од посетеноста на градските плажи. Поради високите температури на воздухот бројот на граѓаните што рекреираат на плажа е поголем во утринските и во вечерните часови кога и временските услови се попријатни за престој на отворено. И со двете плажи на кејот на реката Вардар стопанисуваат приватни концесионери кои што треба да се грижат за реквизитите и да понудат програма која што ќе го привлече интересот на граѓаните за да ги посетат – пишува во реакцијата.


Пред неполна недела, градоначалникот Коце Трајановски во изјава за „Вест“ изјави дека слабата посетеност на градските плажи се должи на лошите временски услови, врнежливите и ладни пролет и лето. Деновиве, кога температурите во Скопје го надминуваат 30 – тиот степен, градот Скопје реагира дека поради горештините, граѓаните се рекреираат на плажа во утринските и вечерните часови. Останува нејасно кои се идеалните температури и временски прилики за да се наполнат градските плажи кои зјаат празни и да ги оправдаат инвестираните пари, со што ќе негираат дека проектот не е промашена инвестиција.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен