ВИДЕО: „Коцекабана“- промашена инвестиција, нуди туширање со црева

Од:

Наместо туш кабините, градската плажа „Камен мост“ на кејот на Вардар нуди спас од горештините со црева за разладување за посетителите, кои воопшто и ги нема.

Четирите туша кои беа поставени уште при свеченото отворање од страна на градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски, сега се заменети со црева, од кои со едното од нив најверојатно се наводнуваат цвеќињата кои се посадени веднаш до влезот на плажата.

kocekapaba11

Ниту неколкудневните горештини кои го зафатија Скопје не можат да ги извлечат од дома жителите на главниот град да се сончаат на плажата „Камен мост“, која иако постои веќе неколку години, никако не успеа да заживее и да го врати стариот сјај на Скопје.

Лежалките се склопени, а долж плажата нема ниту човек да прошета, да седне и одмори под сенка под дрвените монтажни платформи и да се освежи со пијалак.

kocekapaba113

Огромниот простор на кој е распослана „Камен мост“ од 1.775 метри квадратни, има и детско катче со нишалки, бина за манифестации, две чешми, четири соблекувални, паркинг за велосипеди и корпи за отпадоци.

За нејзината изградба Градот Скопје издвои девет милиони денари.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски