„Муслиманско братство“ со протести ја одбележува годишнината од разбивањето на демонстрациите во Каиро

Од:

Приврзаниците на „Муслиманско братство“, здружение, кое е забрането во Египет со опожарување на повеќе објекти од градската инфраструктура, блокирање на патиштата во Каиро и предградијата и со масовни протести ја одбележаа првата годишнина од насилното растерување на демонстрантите покрај џамијата Рабаа ал Адавија и универзитетот во главниот град.

Точно пред една година, откако исламистите и претседателот Мохамед Морси беа соборени од власт на 3 јули, силите за безбедност ги растераа учесниците во демонстрациите во два кварта во Каиро, при што стотици лица загинаа во масовните судири.

Во напад во Хелуан денеска загина едне полицаец. Терористи нападнале припадници на полицијата, сопирајќи го нивниот автомобил, јави ИТАР-ТАСС.

Исламистите ја опожарија зградата на општината во Ајн Шамс, блокираа улици и патишта во неколку квартови на Каиро, а по пладневната молитва планираат масовни протести.

Властите вчера ги зајакнаа мерките за безбедност во целата земја.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро