Објавен огласот за деловниот простор во катната гаража „Разловечко востание“

Од:

Правните субјекти од денеска може да пројават интерес за деловниот простор во новата катна гаража „Разловечко востание“. Огласот го објави Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а се однесува на 3.200 метри квадратни.

Директорот на претпријатието Цветко Грозданов истакна дека цената ќе биде пониска за 20 проценти во однос на околината и очекува интерес од компаниите, бидејќи станува збор за нова градба која ги исполнува сите стандарди и што ќе може да се адаптира согласно потребите на компаниите.

Грозданов ги повика заинтересираните да се јават на огласот за да може да се планира просторот и соодветно да се раздели согласно нивните потреби.

Од 3.200 метри квадратни деловен простор четири се на приземјето, а другите 2.900 метри квадратни се распоредени на другите четири ката.

– Интенцијата е да ги дадеме под закуп, но доколку има интерес може претпријатието да одлучи дел или целосно да го продаде на одреден правен субјект на јавна лицитација, изјави Грозданов.

Тој додаде дека се уште не може да ја каже цената бидејќи таа зависи од пројавата на интерес, поделбата и ентериерното уредување на просторот. Целта ни е,  потенцира, на овој простор да му дадеме една раздвиженост.

Катната гаража официјално беше пуштена во употреба на 2-ри овој месец. Грозданов најави дека катната гаража „Солунски конгрес“ ќе биде пуштена во употреба на почетокот на септември.

Одговарајќи на новинарско прашање за цената на квадратот на становите, рече дека тенденцијата е дека расте и дека постоењето на Акционерското друштво е недавање можност за нереално постигнување висока цена.

– Ние едноставно правиме баланс на цената на пазарот за таа да биде прикладна и реална, рече Грозданов.

Посочи дека пред еден месец претпријатието ги издало имотните листови на комерцијални станови во Реонски центар по цена од 795 евра по метар квадратен и оти во градба се станови во индустриска зона по цена од 850 евра која, како што рече, за тој дел од градот е пониска за 10 до 15 проценти.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски