Филип Беќаровски трет на тестирањето на Блумберг

Од:

Филип Беќаровски, студент на  универзитетот Тилбург во Холандија, освои трето место на тестот на фондацијата „Блумберг“ од Њујорк, во конкуренција на најдобрите студенти во Европа, западна Азија и северна Африка. Третиот најдобар резултат Беќаровски го постигна со 99 отсто точни одговори на тестот.

Основно и средно училиште Беќаровски завршил во Скопје, а потоа се определил за економски студии во Холандија – на универзитетот во Тилбург, кој е меѓу најпрестижните во Европа.

Фондацијата „Блумберг“ е на Мајкл Рубенс Блумберг, еден од најбогатите луѓе во САД, сопственик на компанијата  „Блумберг Л.П.“, чија основна дејност е давање финансиски информации.

Светот го запозна како градоначалник на Њујорк во три мандати, но е познат  како прв човек на фондацијата која истажува и пронаоѓа млади, перспективни студенти и дипломирани економисти.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март