Македонскиот културен центар во Њујорк со богата програма до крајот на 2014-та

Од:

Македонскиот културен центар во Њујорк до крајот на годинава ќе биде домаќин на неколку изложби и концерти. Тие ќе се вбројат меѓу над 120-те проекти на  македонски уметници организирани во изминатите десет години, кои предизвикаа голем интерес и внимание кај њујоршката културна јавност.

Како што соопшти Министерството за култура, во следните пет месеци ќе се реализира  изложба на Ангел Миов и Маја Кировска, презентација на мултимедијалниот проект „Праг“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим, Беди Ибрахим и Горанчо Ѓорѓиевски, изложбата „Бруха“ на Дејан Буѓевац и Билјана Кајевиќ, презентација на проектот „Македонскиот архетип во графичкиот запис“  на Александар Јовановски, групната изложба „Каде да (не) се оди?“  на проектниот простор „Прес ту егзит“, како и изложба на скулптури и фотографии „Македонски митови и легенди“ на авторите Дарко Дуковски, Елена Дуковска и Мартин Митревски.

Во музичката програма за првата половина на декември е закажан проектот на Скопски џез фестивал „Презентација на Скопскиот џез фестивал“ и придружен концерт на квартетот на Тони Китановски.

Со поддршка на Министерството за култура, во Македонскиот културен центар во Њујорк во првата половина на 2014 година беа одржани концерти на Езгија трио, камерното студио „Бахус“  и заедничкиот концерт на Весна Ѓиновска-Илкова и Кристина Светиева, како и изложбите на Жаклина Глигориевска-Михајловска и Татјана Манева.

– Македонскиот центар  за култура во Њујорк веќе десет години ги запознава граѓаните на овој град со културата и уметноста како и со културното наследство и културните вредности на Република Македонија.  Досега во Центарот, кој претставува простор за презентации и промоција на македонската современа култура, но и место  за размена на искуства и соработка меѓу уметниците,  реализирани се над 120 проекти на  македонски уметници кои предизвикаа голем интерес и внимание кај њујоршката културна јавност, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар