Францускиот претседател Франсоа Оланд во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин изрази „голема загриженост“ од перспективата за еднострана руска хуманитарна мисија на украинска територија, соопшти Елисејската палата.
Оланд истакна дека хуманитарна операција на украинска територија може да има само во согласност со украинските национални власти.
Руски хуманитарен конвој од 280 камиони денеска се упати кон Украина. Украинските власти соопштија дека нема да дозволат влез на рускиот хуманитарен конвој на украинска територија.