Секогаш два пати треба да се провери добитното ливче

Од:

Маж од Нов Зеланд бил пресреќен кога продавачот му соопштиил дека освоил 14 илјади новозеландски долари, односно околу 12.000 американски долари. Но набрзо дознал дека продавачот погрешил.

Девојката на добитникот му рекла да си го провери ливчето, бидејќи имала „добро претчувство“. Нејзиниот инстикт бил во право. – Продавачот во лотаријата ми рече дека сум добил 14 илјади. Си помислив – па тоа е одлично, вели добитникот, кој сака да остане анонимен.

– Бев многу возбуден. Веднаш ја повикав својата девојка за да и ја соопштам среќната вест. Додека разговаравме, продавачот ме прекина и ми рече: Извинете, сум се збунил. Всушност сте освоиле 14 милиони долари!

– Веднаш се качив во авион за да си ја земам добивката. На луѓето во авионот морав да им објаснувам зошто сум толку возбуден. Добив на лото- вон себе сум од среќа, раскажува среќниот добитник.

Тој соопшти дека добивката ќе ја искористи за на своите деца да им купи куќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ