Шпанскиот свештеник Мигуел Појарес е првата жртва од ебола во Европа, кој почина во болница, соопшти шпанското министерство за здравство.
75-годишниот свештеник Пијарес летал со авион од Либерија кон Шпанија на 7. aвгуст откако веќе бил заразен со вирусот.
Свештеникот работел во невладина организација која имала активности на афрчкиот континент.
Неговата соработничка, Џулијана Бохи која се враќала со него, на тестот покажала негативни резултати, односно не е заразена.