Првиот човек на организацијата „Хјуман ројтс воч“ не доби дозвола за влез во Египет, каде што требаше да презентира извештај за масакрот над стотици демонстранти исламисти минатата година, соопшти денеска оваа меѓународна организација.
– Извршниот директор Кенет Рот е уапсен минатата ноќ на аеродромот во Каиро и ќе биде вратен назад во САД – изјави претставник на „Хјуман рајтс воч“.
Организацијата претходно најави дека утре во Каиро ќе објави обемен извештај за растурањето на протестниот камп од страна на силите за безбедност во август 2013 година.