Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел нема да учествува во организираните преговори со Хамас за примирје во Газа се додека оттаму продолжува палестинскиот ракетен напад врз израелска територија.
– Израел нема да преговара се додека е под ракетни напади, изјави Нетанјаху на редовна седница на Кабинетот.
– Никогаш не сме објавиле дека израелската офанзива е прекината, нагласи тој.
Според него, операциите ќе продолжат додека не биде постигната целта – спречување на ракетирањето во долг временски период. Преговорите со Хамас се водат со посредништво на Египет.