Земјотресот со интензитет од 6,1 степен што го погоди северниот дел од Јапонија не предизвикал оштетувања во јапонските нуклеарни централи.
Потресот не влијаел врз работата на АЕЦ Фукушима-1 која е оштетена во силниот земјотрес од март 2010 година и цунами.
Земјотресот со интензитет од 6,1 степен беше регистриран денеска во северна Јапонија во 12.49 по локално време. Епицентарот бил во морето северно од префектурата Хоаидо. Немаше предупредувања за опасност од цунами. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.