Отворено советувалиште за превенција од дрога

Од:

Во рамки на амбулантата Водно денеска беше отворено првото Советувалиште за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во град Скопје, Младински центар „Сакам да знам“.

На отворањето присуствувaa, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

„Денеска со отворањето на Советувалиштето за превенција од употреба на дроги кај средношколската популација, Градот Скопје започнува со реализација на уште еден Проект. Преку отворањето на Советувалиштето за превенција од употреба на дрога кој е прв ваков сервис воопшто поддржан од страна на Локалната самоуправа ќе се олесни достапноста на младите и родителите да се информираат и советуваат околу прашања поврзани со дрогите“, истакна градоначалникот Трајановски.

Министерот Ристовски потенцираше дека е задоволен од соработката со градоначалникот Трајановски и дека реализацијата на вакви проекти е потврда за општествено-социјалната одговорност на Град скопје, зашто преку отворање на вакви и слични советувалишта за средношколците, правилно се насочува на младите кон здраво живеење и нивно соодветно интегрирање во општествените процеси во нашата земја, со што ние како држава добиваме здрава популација подготвена да се соочи со сите животни предизвици.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски