Аргенитина поднесе тужба против САД пред Меѓународниот суд во Хаг за изнудениот банкрот

Од:

Аргентина денеска соопшти дека поднела тужба против САД пред Меѓународниот суд во Хаг, соопштија светските агенции.

Аргентина тврди дека САД го нарушиле нејзиниот суверенитет со одлуката на американските судови во однос на реструктурирањето на нејзиниот државен долг.

Таа бара Вашингтон да ја прифати јурисдикцијата на Меѓународниот суд за овој спор, но судот во Хаг соопшти дека тоа ќе зависи од САД.

Тужбата и е предадена на американската Влада, соопшти судот, прецизирајќи дека никакви активности нема да се преземат се додека САД не се согласат со јурисдикцијата на Меѓународниот суд. 

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија