Военото крило на Хамас соопшти дека е подготвено да долга војна со Израел

Од:

Военото крило на Хамас вечерва ги повика палестинските преговарачи во Каиро да не го продолжуваат 72-часовниот прекин на огнот со Израел доколку нивните барања, посебно тоа за отворање на пристаништето во Газа, не бидат исполнети и предупреди дека е подготвено да влезе во долга војна.

-Апелираме до палестинската делегација, која преговара, да не го обновува примирјето, освен по прифаќањето на нашите принципиелни барања, осебено за отворање на пристаништето, и доколку нема прифаќање тогаш бараме од делегацијата да се повлече од преговорите, изјави на телевизија еден од борците на Бригадата Изадин ал Касам, со лице затскриено со палестинска шамија.

Соопштението беше емитувано на катарската телевзија Ал Џазира, а го пренесоа и британските медиуми.

Тридневното примирје завршува утре во 8 часот по локално време (7 по средноевропско).

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски