Во понеделник стартува академската година

Од:

Новата академска 2012/13 година стартува во понеделник на јавните и приватните високообразовни установи, информираат од Министерството за образование и наука.

Според нивните податоци, годинава се запишани приближно 17.000 нови студенти во прва студиска година, на повеќе од 400 различни студиски програми.

Од Министерството известуваат и дека има одредено зголемување на бројот на новозапишани студенти на студиските програми од областа на техничките и природно-математичките науки, што, како што велат од МОН е од особена важност за правилна распределба на бројот на студенти кои го завршуваат своето образование во Македонија.

„Министерството за образование и наука на Република Македонија, на сите студенти им посакува успешна академска година со надеж и желба за постигнување на врвни резултати во областите во кои се насочиле да го продолжат своето образование, напоменувајќи дека секое постигнување во кариерниот развој на секој млад човек е успех и напредок на целокупното општество”, се вели во соопштението од МОН.

За сите оние кои се уште не успеале да се запишат на факултет, Министерството за образование и наука известува дека третиот уписен рок на сите јавни високообразовни установи во Република Македонија е на 17-ти септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура