Нил Армстронг погребан во Атлантикот

Од:

Пепелта од кремираното тело на Нил Армстронг е расфрлена во Атланскиот Океан, на церемонија одржана на американскиот носач на авиони УСС Филипин Ц, соопшти НАСА. Пепелта во водата на расфрли неговата сопруга Керол Армстронг.

НАСА не ја наведува точната локација каде е одржана церемонијата, туку само објави фотографии од настанот и наведе дека носачот на авиони испловил од Мејнпорт на Флорида.

Церемонијата е извршена со воени почести, ден по комеморацијата во националната катедрала во Вашингтон.

Армстронг почина на 25 август на 83-годишна возраст, поради компликации по операцијата на срцето.

Тој влезе во историјата на човештвото кога на 20 јули 1969 година стана првиот човек што стапна на месечината, изговарајќи ги славните зборови: „Ова е мал чекор за еден човек, но голем скок за човештвото”.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа