Премиерот на Полска Доналд Туск денеска оцени дека во измиантите неколку денови е зголемена опасноста од директна воена интервенција на Русија во Украина.
– Имаме причини да се сомневаме – такви информации добиваме во изминатите неколку часа, дека ризикот од директна воена интевенција сигурно е поголем отколку пред неколку дена, изјави Туск на прес конференција.
Русија одржува воени вежби во близина на границата со Украина што предизвикува загриженост во Киев и во повеќе западни држави.
– Ако се случи директна интервенција на руските сили во Украина тоа очигледно би предизвикало нова ситуација, а по мое мсилење никој нема денес добар и јасен одговор како западната заедница би требало да одговори на тоа, нагласи полскиот премиер.
Русија на вчерашаната итна седница на СБ на ОН за состојбата во Украина повика на итни мерки за ублажување на хуманитарната криза на исток во Украина, но претставници на САД отворено порачаа дека Москва има дел од одговорноста за страдањето на тие луѓе.