Во меморијалниот Парк на мирот во Хирошима денеска почна одбележување на 69-годишнина од фрлањето на првата атомска бомба. На церемонијата присуствуваа преживеани и роднини на жртвите, како и претставници на јапонските власти и голем број странски делегации.
Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ на 6 август 1945 година, пред крајот на Втората светска војна, фрла атомска бомба над Хирошима, од која животот го загубија десетина илјади луѓе, а до декември истата година бројот на жртви достигна 140.000 лица.
Три дена подоцна САД фрлија втора атомска бомба над јапонскиот град Нагасаки, при што загинаа над 70.000 луѓе. Јапонија капитулира на 15 август 1945 година, со што се става крај на Втората светска војна.