Солистички концерт на Марија Наумовска

Од:

Во Битола вечер, во рамки на Битфест, солистички концерт ќе одржи Марија Наумовска, сопран.

Наумовска е родена 1986 година во Битола. Со музика почнува да се занимава на осум години. Завршува нижо музичко училиште во Битола, отсек-пијано, во класата на проф. Људмила Божиновска, а средното музичко образование, отсек-соло пеење, го продолжува во класата на проф. Пеце Митревски.

Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. М-р. Славица Галиќ-Петровска со највисока оценка. Магистерски студии завршува во 2012 година на ФМУ во класата на истата професорка. Како солист има настапувано со хоровите „Драган Шуплевски“, „“Св. Климент Охридски“, „МКЦ“ и оркестарот „Арко“.

Учествувала на повеќе фестивали, Бит-Фест, Езерски бисери – Струга, Скопско лето, Охридско лето, Штипско лето, Прилепско лето, Радовишко лето,…. Има освоено повеќе први државни награди. Посетувала семинари за соло пеење во БиХ, Германија и Франција.

Наумовска работи во Македонската опера и балет каде досега има настапено во „Волшебната флејта“ на Моцарт и „Слугинка господарка“ на Перголези, а била работно и професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска