Романската опозициска Национално-либерална партија ја даде Владата на суд

Од:

Претседателот на романската опозициска Национално-либерална партија, Клаус Јоханис, денеска изјави дека либералите ја дале Владата на суд заради законската постапка, која според нив внесува недозволени измени во законот за организирање на претседателските избори и на овој начин му создава предност на премиерот Виктор Понта, кој е кандидат за претседател, пренесе агенцијата Аџерпрес.

-Од кога се појави оваа законска постапка ние повеќе пати апелиравме до омбудсманот да го оспори овој нормативен акт, но за жал тоа не се случи и затоа се почувствуваме обврзани ние да го оспориме, изјави Јоханис на прес конференција.

Јоханис се очекува да биде претседателски кандидат на десноцентристичката Христијан-либерална унија.

Тој подвлече дека во една демократска држава, каква што е Романија, не може Влада, раководена од еден иден кандидат за претседател, на само неколку месеци пред претседателските избори да врши промени во изборното законодавство, што се однесува токму на претседателските избори.

-Ако овој нормативен акт остане несанкциониран, Виктор Понта преку владините инструменти ќе си создаде предност во натпреварот, нешто што го сметаме за неприфатливо (…) Доколку остане така, ќе се создаде претпоставка за масовни изборни злоупотреби, бидејќи се поттикнува повеќекратното гласање, посочи Јоханис.

Тој објасни дека Владата го променила членот во законот што дава можност да се гласа каде и да било во земјата.

Претседателските избори во Романија се закажани за 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски