Втор заболен од ебола патува за САД, во Њујорк хоспитализиран маж со симптоми на болеста

Од:

Втор американски хуманитарен работник, кој се заразил со вирусот Ебола во Западна Африка, се очекува да пристигне денеска во САД во тешка состојба, а во њујоршката болница е примен човек со симптоми на смртоносната болест.

Мажот, кој дошол на ургентното одделение вчера со силна треска и стомачни болки, е во добра состојба и резултатите од првите истражувања покажале дека тој најверојатно не е заразен со ебола.

Од Либерија отпатува авион со мисионерката Нанси Рајтбол, која треба да пристигне во американскиот град Атланта, за да биде лекувана од експерти по заразни болести во специјално изолирано одделение во локална болница.

Експерти од болницата започнаа во саботата да го лекуваат лекарот Кент Брантли, кој исто така се врати во САД, откако се заразил со ебола во Африка.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација