Израелските копнени сили целосно ќе се повлечат од Појасот Газа, пред да стапи во сила примирјето договорено со египетско посредство во 5 часот по Гринич, соопшти воен портпарол.
– Израелските сили за одбрана ќе бидат редислоцирани на одбранбени позиции надвор од Појасот Газа и ќе останат на тие позиции, додека трае 72-часовното примирје, изјави потполковникот Петер Лернер.
Израел и Хамас синоќа го усвоија предлогот на Египет за 72-часовно примирје.
Портпаролот додаде дека одлуката за повлекување е донесена, откако Израел ја заврши основната мисија во четиринеделната операција – уривање на 32-та тунела, ископани од палестински екстремисти преку границата. Тој истакна дека израелските сили ќе одговорат, ако бидат нападнати за време на примирјето.