Дали социјалните мрежи се социјални?

Од:

Сите ние имаме 500 пријатели најмалку, а се чувствуваме осамени. Проблемот е што комуникацијата во живо ја заменивме со комуникација на социјалните мрежи. Ако се свртиме околу себе, ќе видиме дека седиме во соба и беспомошно гледаме во екранот на својот лап топ, мобилен телефон или некој друг уред настанат благодарение на технолошкиот напредок.

Изгледа дека мрежите кои ги нарекуваат социјални и не се толку социјални. Целото тоа чувство за социјалност кое го имаме е илузија. Ги отвораме своите лап-топи и ги вклучуваме компјутерите, а позади себе ја затвораме вратата. Врата која води во вистинскиот социјален живот и вистинска социјална мрежа која е сочинета од луѓе чија присутност може да се допре и чиј глас го слушаме. Луѓе чии емоции ги чувствуваме и со кои можеме да сочувствуваме, исто како и тие со нас.

Ако се загледаме малку подлабоко ќе видиме дека сме робови, робови на уреди кои самите ги создадовме. Ако загребеме уште подлабоко под привидната површина ќе видиме цел еден свет. Свет во кој информациите се продаваат за купишта пари и каде до вчера биле бескорисни, а сега со нив се заработуваат огромни пари. Свет кој обвинува секое лице кое е поинакво од некој идеал, кој се води како стандард. Свет кој е составен од стандарди, а не од поединци. А зарем светот не треба да биде составен од поединци? Сите така единствени и различни а творат толку функционална, интересна и пред се корисна целина – заедница.

Социјалните мрежи претставуваат еден свет единствен сам по себе: свет сочинет од голема самопромоција каде сите ние ги делиме своите најдобри моменти со другите, но го исклучуваме она лошото. Свет каде е се толку убаво на прв поглед, но сепак празно бидејќи недостасуваат емоции. Најсреќни сме со искуствата кои ги делиме, но дали тие искуства би биле исти ако никој не би бил тука додека ги проживуваме? Бидете тука за своите пријатели и тие ќе бидат за вас. Но, никој нема да има ако е тоа само групна порака. Ги средуваме своите податоци и претеруваме во тоа, па се е прекрасно, а ни самите не знаеме дали на некого воопшто му е гајле за тоа.

Да се биде сам не е проблем. За споредба можеме да го земеме читањето на книги, сликање или која било друга активност. Но, тоа се разликува по многу нешта од тоа да гледаме во мониторот и да чекаме одговор на порака или коментар на нашата фотографија. Додека читаме и сликаме нашите мозочни клетки се развиваат и нешто учиме, а социјалните мрежи само не оддалечуваат од општеството и ни одземаат драгоцено време. Затоа кога си надвор и ти е здодевно: не посегнувај по мобилниот телефон!

Те предизвикувам ако следниот пат кога ќе одиш по улица и почувствуваш дека ти е здодевно: пријди на некој странец и запознај го. Додади пријатели, но вистински, не виртуелни. Те молам, следниот пат ако сакаш нешто да споделиш, не го прави тоа на својот профил туку дома заедно со пријателите, познаниците, семејството, со вистински луѓе кои ќе можат да се радуваат со тебе или да делат тага со тебе.

Вразуми се и не пуштај мудрости преку профилот. Направи го тоа со пријателите додека гледате натпревар или расправате за некој продолжеток на индиска серија, каде во една епизода се прикажува како главната глумица ја чешла косата.

Можеби социјалните мрежи го имаат тој префикс социјални, но ако се замислиш и самиот ќе видиш дека не е баш така. Не е лошо повремено нешто и да споделиш на интернет, но верувај ми на зборот: Многу подобро е чувството кога тоа е вистински, а не пред мониторот или мобилниот телефон.

Хабер – Сараево

Би можело да ве интересира

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ