Босна и Херцеговина би можела да банкротира, проценија странски аналитичари кои предвидуваат дека тоа може да се случи наредната година.
Медиумите во БиХ, пренесуваат дека европскиот магазин „Евромани“ користејќи посебен модел пресметал дека БиХ наскоро може да банкротира.
Според наводите на магазинот, причините за можен банкрот се поплавите, поради кои државата дополнително се задолжи, високата стапка на невработеност, корупцијата и континуираната политичка нестабилност. Што се однесува за државите во регионот, состојбата според магазинот не е толку драматична. Економистите предупредуваат дека Хрватска во 2016 година нема да може да ги враќа долговите.
Помеѓу државите во светот на кои им се заканува банкрот се и Белорусија, Украина, Венецуела, Пакистан, Бангладеш, Египет и Грција.
Е. Г.