Спасувачките екипи започнаа потрага по 15 планинари, меѓу кои и неколку жени, кои се изгубија на Андите, за време на викендот.
Групата во саботата започнала да се искачува на 2.000 метри висина. Потрагата ја отежнуваат лошите временски услови, поради кои не можат да се ангажираат ниту хеликоптери.
Ова искачување, во област која е исклучително популарна за кампери и планинари, би требало да претставува припрема за искачувањето на врвот Аконкагва, кој е на висина од 6.900 метри, јавува агенцијата Франс прес.