Поплавите во Романија предизвикаа големи штети врз земјоделството

Од:

Поројните дождови изминатите денови во Романија предизвикаа големи штети врз земјоделството, погодувајќи околу 30.000 хектари обработлива почва.

Поплавите ги погодија житните насади, така што реколтата не била собрана претходно ќе биде со низок квалитет. Земјоделците тврдат дека најмалку една четвртина од несобраното жито ќе биде храна за животните.
Во исто време, една третина од производството на домати и пиперки изгниле на полињата.

– Есенските зеленчуци и овошја за конзервирање ќе бидат помалку. Ако продолжи да врне, ќе останеме без пиперки, домати, зелени домати, краставици, грав и репкасти плодови бидејќи многу брзо гнијат, изјави Јон Чоројану, претсатвник на Асоцијацијата на земјоделци во Романија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски