„Пријавете пари“ кампања на Царинската управа

Од:

Царинската управа започна кампања за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето и изнесувањето пари. Кампањата „Пријавете пари“ стартуваше на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје

Кампањата е поради недоволната информираност на патниците за износот на пари кој е дозволен да се внесе, односно изнесе од државата. Од почетокот на годинава откриени се 29 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари и хартии од вредност во различни валути, во противвредност од околу 1,8 милиони евра, од кои 248.600 евра, 106.600 швајцарски франци и чекови во противвредност од 1.443.715 евра.

За кампањата се изработени брошури на македонски, англиски, албански и турски јазик со информации за важечката царинска регулатива поврзана со пријавување пари. Покрај ова, изработено е и информативно решение кое во соработка со ТАВ е поставено на екраните на аеродромите „Александар Велики“ и „Св.Апостол Павле“ во делот за чекирање каде патниците поминуваат пред да излезат од државата и  во делот на зоната за пристигнување на мониторите кај лентите за багаж каде патниците го чекаат својот багаж при влез во државата. Изработени се и информативни табли за важечката царинска регулатива за патнички промет, односно за дозволените количини за внесување или изнесување на  тутунски и алкохолни производи, парфеми, предмети за лична употреба, лекови, миленичиња итн. Таблите изработени на македонски, албански и англиски јазик  се поставени на граничните премини.

Лимитот за внесување пари изнесува 10.000 евра. Ефективни странски пари над 10.000 евра, задолжително се пријавуваат на царинските органи. Што се однесува до изнесувањето на пари од Македонија, резидентите мора да го пријават секој износ над 2.000 евра при што се приложува потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането. Нерезидентите можат слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра по лице. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Глобите за непријавување или погрешно пријавување пари кои патниците ги носат со себе се сериозни. Казните се движат во износ од 1.500 до 3.000 евра за физички и од 6.000 до 10.000 евра за правни лица во денарска противвредност. Предвидени се и затворски казни за случаи поврзани со перење пари и финансирање тероризам.  Пропишани се и мерки за одземање на целата сума или дел од привремено задржаните пари.

Од преземањето на надлежноста за решавање на царински прекршочни предмети во 2008 година, Царинската управа има одземено над 4,6 милиони евра вкупно, од кои  3.963.414 евра, 140.512  американски долари,  527.040  швајцарски франци и  5.175 британски фунти. Од овие, со правосилни решенија крајно се одземени  769.197  евра,  48.412  американски долари,  277.890  швајцарски франци и  5.175 британски фунти.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ