Грузиски суд денеска издаде налог за апсење на поранешниот претседател на оваа земја Михаил Саакашвили под обвинение за злоупотреба на функцијата.
Приврзаниците на Саакашвили тврдат дека ваквите обвиненија се политички мотивирани.
Налог за апсење поради слични обвинувања е издаден и за поранешниот министер за одбрана и за јавниот обвинител.
Грузиските власти пред неколку дена соопштија дека започнале кривична истрага против поранешниот шеф на државата и неколкумина негови соработници поради злоупотреба на службената положба за време на задушувањето на антивладините протести во 2007 година.
Обвинителството во Грузија ова го најави бидејќи Саакашвили не се појави пред истражните органи кои бараа да го сослушаат.
Саакашвили е обвинет за нелегално задушување на протестите во 2007 година, преземање на телевизиска станица во 2009 година и конфискување имот на еден бизнисмен.
Од 2013 година, откако претходно загуби на парламентарните избори од милијардерот Бидзина Иванишвили, Саакашвили живее надвор од Грузија.