Двајца израелски војници загинаа денеска во јужниот дел од Појасот Газа за време на операција за ослободување киднапиран израелски војник, соопшти израелската армија.
Командата соопшти дека е киднапиран војникот Хадар Голдин (23), роден во Кфар Саба, северно од Тел Авив.
Истовремено, Египет објави дека се откажани разговорите во Каиро за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни во Газа, бидејќи Израел откажал присуство. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека и покрај тоа, палестинска делегација ќе замине за Каиро.
Палестинските власти соопштија дека во израелско гранатирање во реонот на Рафах загинале над 50 Палестинци.