Од Италија екстрадиран Михаилов, осуден на доживотен затвор во „Детонатор“

Од:

Од Италија синоќа е екстрадиран 35-годишниот Симеон Михаилов, осуден во отсуство на доживотен затвор во рамки на процесот за случајот „Детонатор“, потврдија за МИА од МВР.

Екстрадираниот Михаилов на доживотен затвор е осуден како осомничен за обид за убиство врз Драганчо Стименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група „Детонатор“.

Михаилов е уапсен во Италија во август минатата година по распишана меѓународна потерница од страна на македонските власти поради обвинение за учество во злосторничко здружување, обид за убиство и изнуди.

Пресудата доживотен затвор му е изречена на крајот на минатата година во Скопски кривичен суд. Михаилов доби уште две затворски казни, 4 години за злосторничко здружување и уште 3 години за насилство.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи