По грабежот во Дебар, пронајдено возилото со кое побегнаа разбојниците

Од:

Едно возило-џип марка „Ранге Ровер“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар , соопштија од СВР Охрид.

– Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш, потврди портпаролот Стефан димоски.

На самото место, во тек е криминалистичко-технички увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Дебар, претставници од судска медицина, од Министерството за внатрешни работи и други овластени службени лица.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи